Форбс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Форбс (англ. Forbes, IPA: /fɔrbz/) е американско деловно списание. Се публикува осум пати годишно, и содржи статии поврзани со финансиски, индустриски, инвестициски и маркетинг теми. Форбс исто така известува и за поврзани теми како технологија, комуникации, наука, политика и право. Неговото седиште е во Џерси Сити.
Главен уредник | Рендал Лејн |
---|---|
уредник | Рендал Лејн[1] |
Категории | Бизнис магазин |
Честота | Двапати квартално |
Вкупен тираж (2020) | 657,215[2] |
Прв број | септември 15, 1917; пред 106 години (1917-09-15) |
Претпријатие | Integrated Whale Media Investments, Кина (Хонгконг) (95%)[3] Forbes family (5%) |
Земја | САД |
Седиште | Џерси Сити, САД. |
Јазик | Англиски |
Портал | forbes.com |
ISSN | 0015-6914 |
Списанието е добро познато по своите списоци и рангирања, како што се: список на најбогатите Американци (Форбс 400), список на најбогатите познати личности во Америка, список на најголемите компании во светот (Форбс глобал 2000), списокот на Форбс за најмоќните луѓе во светот и список на милијардерите во светот.[4] Мотото на списанието Форбс е „Промени го светот“.[5] Претседател и главен уредник е Стив Форбс, а извршен директор е Мајк Федерле.[6] Во 2014 година, бил продаден на инвестициска групација со седиште во Хонгконг - Integrated Whale Media Investments.[7][8]