Феноскандија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Феноскандија (фински: Fennoskandia; шведски: Fennoskandien; норвешки: Fennoskandia; руски: Фенноскандия) — географски поим што дефинира дел од нордискиот регион опфатен од Скандинавија, Финска, Руската Република Карелија и Мурманската Област со целиот полуостров Кола[1] како и делови од Ленинградската Област. Овој поим најчесто се користи за вклучување на Финска во во регион со Норвешка и Шведска. Поимот првпат бил употребен во 1898 година од финскиот геолог Вилхелм Ремзи,[2] а името потекнува од латинските зборови (Финска) и (Скандинавија).[3] Во тоа време, Финска била дел од Руското Царство, па затоа често била географски вклучена во Источна Европа. Помеѓу двете светски војни, ориентацијата на владата во Хелсинки била да бара дистанца и од Москва и од Стокхолм, така што земјата се самоопределила како дел од Средна Европа заедно со балтичките држави Естонија, Летонија и Литванија. По Втората светска војна и советската анексија на балтичките држави, терминот Феноскандија повторно станал популарен, бидејќи Финска тогаш сакала да се гледа како дел од Северна Европа.
Карта на Феноскандија | |
Географија | |
---|---|
Место | Северна Европа |
Координати | 63.0000° СГШ; 17.0000° ИГД / 63.0000; 17.0000 |
Соседни водни површини | Северноледен Океан, Атлантски Океан |
Највисоко издигнување | 2.469 м |
Највисока точка | Галхепинген |
Управување | |
Копнена | |
Копнена | |
Копнена | |
Цела или дел од копнената територија на Мурманската област, Република Карелија и Ленинградската област |