УНДП
From Wikipedia, the free encyclopedia
Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) претставува глобална развојна мрежа на Обединетите нации. УНДП функционира како управен одбор внатре во самото Генерално собрание на Обединетите нации. Администраторот на УНДП е третиот по ред највисоко рангиран член на Обединетите нации веднаш по Генералниот секретар и заменикот на Генералниот секретар на Обединетите нации.
| |||||
Тип | Програма | ||||
Акроними | УНДП | ||||
Челник | Аким Штајнер | ||||
Статус | активна | ||||
Основана | 1965 г. | ||||
Мрежно место | www.undp.org | ||||
Парент организација | Економски и социјален совет[1] | ||||
Wikimedia Commons |
United Nations | ||||
Портал | ООН Портал |
---|
Со седиште во Њујорк, УНДП е целосно финансирана од страна на земјите-членки кои даваат донации. Организацијата има отворено свои канцеларии во 166 земји, каде што работи со локалните влади за изнаоѓање на решенија за глобалните и локалните развојни предизвици. Во прилог на ова, на меѓународно ниво, УНДП им помага на земјите во остварување на Милениумските развојни цели. УНДП им пружа стручни консултации, обука и ограничена помош на земјите во развој, а особено на најнеразвиените земји. Со цел остварување на Милениумските развојни цели и поттикнување на глобалниор развој, УНДП се залага за намалување на сиромаштијата, ХИВ/СИДА, исто така за демократско управување, енергетика и животна средина како и за превенција од криза и нејзино надминување. УНДП како организација се залага и за заштита на човековите права и еманципацијата на жените е застапена во сите нејзини програми.
Освен тоа, УНДП објавува годишен Извештај за човеков развој. Како дополнение на глобалниот Извештај, УНДП издава и регионални, национални и локални Извештаи за човеков развој.