Теодор Рузвелт
26-тиот претседател на САД / From Wikipedia, the free encyclopedia
Теодор Рузвелт бил 26. претседател на САД (1901-1909 година). Тој се памети по извонредниот идентитет, опсегот на интереси и достигнувања, неговото водство на Прогресивните Движења, себеси се нарекувал „ каубој“, но познат е по својата мажественост. Бил водач на Републиканската Партија, а во 1912 година ја основал Прогресивната партија. Пред да стане претседател, вршел служба на градско, државно и федерално ниво. Неговите достигнувања како природонаучник, истражувач, ловец, автор и војник се дел од неговата популарност како и секоја служба која ја работел како политичар.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Теодор Рузвелт | |
---|---|
Рузвелт околу 1904 година | |
26. Претседател на Соединетите Американски Држави | |
На должноста 14 септември 1901 – 4 март 1909 | |
Потпретседател | Ниеден (1901–1905)[б 1] Чарлс В. Фербенкс (1905–1909) |
Претходник | Вилијам Мекинли |
Наследник | Вилијам Хауард Тафт |
25. потпретседател на Соединетите Држави | |
На должноста 4 март 1901 – 14 септември 1901 | |
Претседател | Вилијам Мекинли |
Претходник | Герет Хобарт |
Наследник | Чарлс В. Фербенкс |
33. гувернер на Њујорк | |
На должноста 1 јануари 1899 – 31 декември 1900 | |
Намесник | Тимоти Л. Вудраф |
Претходник | Френк С. Блек |
Наследник | Бенџамин Баркер Одел Помладиот |
Помошник секретар на морнарицата | |
На должноста 19 април 1897 – 10 мај 1898 | |
Претседател | Вилијам Мекинли |
Претходник | Вилијам Мекаду |
Наследник | Чарлс Херберт Ален |
Претседател на Одборот на полициски комесари на градот Њујорк | |
На должноста 6 мај 1895 – 19 април 1897[1] | |
Претходник | Џејмс Џ. Мартин |
Наследник | Френк Мос |
Малцински водач во Државното собрание на државата Њујорк | |
На должноста 1 јануари 1883 – 31 декември 1883 | |
Претходник | Томас Г. Алворд |
Наследник | Френк Рајс |
Член на Собранието на Њујорк од 21. округ | |
На должноста 1 јануари 1882 – 31 декември 1884 | |
Претходник | Вилијам Џ. Тримбл |
Наследник | Хенри А. Барнум |
Лични податоци | |
Роден(а) | Теодор Рузвелт Помладиот (изворно: Theodore Roosevelt Jr.) октомври 27, 1858(1858-10-27) Менхетен, Њујорк, Њујорк, Соединетите Држави |
Починал(а) | 6 јануари 1919(1919-01-06) (возр. 60) Ојстер Беј, Њујорк, Соединетите Држави |
Почивалиште | Спомен гробишта Јангс, Ојстер Беј, Њујорк, Соединетите Држави |
Партија | Републиканци (1880–1911, 1916–1919) |
Други припадности | Напредна партија („Мажјак лос“; "Bull Moose") (1912–1916) |
Сопружник |
|
Роднини | Рузвелтови |
Деца |
|
Родители | Теодор Рузвелт Постариот Марта Стјуарт Булок |
Образование | Универзитет Харвард (додипломец) |
Професија |
|
Граѓански награди | Нобелова награда за мир (1906) |
Потпис | |
Воена служба | |
Род | Њујорк Национална гарда на војската на Њујорк |
Траење | 1882–1886, 1898 |
Чин | Полколник |
Заповеда со | 1. Доброволска коњаница на Соединетите Држави |
Битки/војни | Војната меѓу Шпанија и САД • Битка кај Лас Гуасимас • Битка кај Ридот Сан Хуан |
Воени одликувања | Медал на честa (посмртно; 2001) |
Роден е во богато семејство, неговата мајка Мити Булок од Росвел, Џорџија, била наследничка на гувернерот Арчибалд Булок кој ја читал Декларацијата за независност на граѓаните од Џорџија. Како дете боледувал од астма. Дома ја учел историјата на природата. Поради неговата физичка слабост , тој се впушта во напорен живот. Како дете кое дома се образувало, тој станал љубопитен за природата како студент. Тој студирал на Харвард Универзитетот, каде го покажал својот интерес кон морнарството. Неговиот вујко, Џејмс Булок, бил морнарски агент во конфедерацијата во Англија каде останал таму по војната. Понекогаш Теодор Рузвелт се срамел бидејќи неговиот татко не служел во Граѓанската војна. Во 1871 година, на 13 годишна возраст гледа како народот го избрал Твид. Новите водачи во Градското Собрание поднеле обвиненија против многу корумпирани судии на Твид, некои од нив биле осудени, а некои притворени, како и самиот Твид. Во 1881 година, бил избран како најмлад член на Парламентот на Њујорк. Младиот член на законодавното тело, Теодор Рузвелт започнал постапка за отповикување на судијата Вестбрук до Врховниот суд во Њујорк, каде Вестбрук дал оставка со осрамотување, исто како и таткото на Кардозо пред една декада. Потоа Рузвелт станал станал главен на Републиканската партија во државата, но шефовите на партиите го спречиле да стане водач. Неговата книга, Поморската војна од 1812 година (1882 година), го зацврстил неговиот углед како историчар. Во 1884 година, во ист ден починале неговата мајка и сопруга. Тој се откажал од политиката и заминал од Њујорк во Дакота. По неколку години одгледување на добиток, се вратил во Њујорк, каде во 1886 година бил „кандидат-жртва“ за градоначалник на Републиканската партија, каде завршил трет со 60,000 гласови, но подоцна се стекнал со слава во борбата против корупцијата. Шпанско-Америкаската војна избувнала кога Рузвелт ефикасно го водел одделението на морнарицата. Набрзо се откажал и започнал да води полк во Куба познат како Сурови јавачи (Rough Riders), откако испловил од Пенсакола, Флорида, се здобил со номинација за Медал на честа (Medal of Honor), којшто му бил доделен посмртно на 16 јануари 2001 година. По војната се вратил во Њујорк каде бил избран за Гувернер на потесни избори. За две години, бил избран за потпретседател на САД.
Во 1901 година, претседателот Вилијам МекКинли бил убиен, а Рузвелт на 42-годишна возраст станал најмладиот претседател во историјата на САД. Рузвелт се обидел да ја приближи Републиканската партија кон Прогресивизмот, вклучувајќи борба против трустови и зголемено регулирање на бизнисите. Рузвелт ја сковал фразата „Square Deal“ за да ја опише својата домашна агенда, со тоа истакнувајќи дека секој граѓанин ќе добие подеднаква сума со неговата политика. Како комуникативен човек и природонаучник, го поддржувал движењето за одбрана. На светската сцена, политиката на Рузвелт се одликувала со слоганот: „Зборувај полека и носи голем стап“. Рузвелт бил силата која стоела позади свршетокот на дејствијата на Панамскиот Канал, ја испратил морнарицата на патување низ светот за да ја покаже Американската моќ, и преговарал за крај на Руско-Јапонската војна, за што ја добил Нобеловата награда за мир. Рузвелт бил првиот Американец кој добил Нобелова награда.
Рузвелт одбил да се кандидира за повторен избор во 1908 година. Откако си заминал од Белата куќа, заминал на сафари во Африка и на патувања низ Европа. По враќањето во САД, дошло до тежок прекин помеѓу Рузвелт и неговиот заменик претседател, Вилијам Хауард Тафт. Во 1912 година, Рузвелт се обидел да му ја одземе номинацијата на Тафт за Републиканците, а по неуспехот ја основал Bull Moose партијата. На изборите кои доаѓале, Рузвелт станал единствениот кандидат од трета партија, кој го освоил вторто место, победувајќи го Тафт, но изгубил од Вудроу Вилсон. По изборите Рузвелт тргнал на голема експедиција во Јужна Америка, реката по која пловел денес го носи неговото име. На патувањето се заразил од маларија, што му го влошило здравјето, а тој починал неколку години подоцна на 60-годишна возраст. Научниците го сметат Рузвелт за еден од најдобрите претседатели на САД.