Тарифа (’рт)
’рт во Шпанија, најјужната точка во континентална Европа / From Wikipedia, the free encyclopedia
Тарифа (шпански: punta de Tarifa) или Мароки (punta Marroquí) — ’рт на југот на Пиринејскиот Полуостров и најјужна точка во цела континентална Европа. Сместен е во покраината Кадис, Андалусија, на брегот на Гибралтарскиот Проток.[1] Оттука се гледа Мароко.
Ова е јужен крај на некогашниот остров Тарифа (Лас Паломас), денес поврзан со копното со патен насип. Од 1930-тите до 2001 г. на местото имало воени објекти[2]
’Ртот и истоимениот град се наречени по берберскиот војсководец Тариф ибн-Мелик, кој одовде во 710 г. го започнал исламското освојување на Шпанија.