Сојузни држави и територии на Австралија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сојузни држави и територии на Австралија — најкрупните административни единици во земјата. Австралија се состои од шест сојузни држави и разни територии; копнена Австралија има пет сојузни држави и три територии, а шестата е островската држава Тасманија на југ. Покрај ова, постојат шест островски територии како и Австралиска Антарктичката Територија.
Сите сојузни држави и две од трите внатрешни територии имаат свои парламенти и самоуправа. Останатите територии се под непосредна управа на федералната влада, со исклучок на Норфолшкиот Остров, кој ужива делумна самоуправа.