Мелбурн
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мелбурн (англиски: Melbourne) е главниот град и најголемиот град на австралиската сојузна држава Викторија и вториот по големина град во Австралија (по Сиднеј) Мелбурн има население од околу 3,80 милиони жители а околината брои дополнителни 69 670 граѓани. Мелбурн бил главен град на Австралија од 1901 година до 1927 година. Градот се отликува со својата космополитност, висок животен стандарт. Три поредни години 2002, 2003 и 2004 е определуван за „најдобар град за живење во светот“. Мелбурн е дом на повеќе од 70% од Викторијанците. Мелбурн е голем индустриски и трговски центар. На многу австралиски компании главните седишта им се наоѓаат таму. Најголемиот аеродром во Австралија се наоѓа во Мелбурн. Во градот постојат седум универзитети. Исто така многу развиена е и автомобилската индустрија со производствени погони на Форд, Тојота и др.
Панорама на Мелбурн навечер, Плоштад Федрација, железничка станица Флиндерс, Мелбурн Крикет Штадион | |
Mестоположба | |
---|---|
Општи податоци | |
Име - изворно |
Малбурн Melbourne |
Основан | 30 август 1835 |
Поштенски број | 3000 |
Повикувачки број | +61(0)3 |
Портал | www.melbourne.vic.gov.au |
Управа | |
Земја | Австралија |
Градоначалник | Џон Со |
Географија | |
Површина | 7.694 km² |
Население | |
Население | 3,806,092 |
Густина | 1566 ж./km² |
Етнички групи | различни |