Собна температура
From Wikipedia, the free encyclopedia
Собна температура — израз за претпочитаната или типичната температура на една просторија која ја користат луѓето за разни цели. Претставува мал опсег на температури, при кои воздухот не е ни претопол, ни престуден.
Поимот може да се однесува на температурата што се чувствува на човечкото тело, или пак на оптимална температура за храна и пијалаци, складирање на лекови или пак вршење на научни опити. На пример, Државната фармакопеја на Русија, под „собна температура“ (за чување на лекови) подразбира опсег од 15 до 20 °C.[1]