Слобода на печатот
From Wikipedia, the free encyclopedia
Слобода на печатот или слобода на медиумите е слободата на комуникација и изразување преку разни електронски медиуми и печатени материјали. Додека таквата слобода во голем дел налага отсуство на вмешување на други лица, неговото зачувување може да се бара преку уставна или легална заштита.[1]
Со почитување на владините информации, секоја влада може да разликува кои материјали се јавни, а кои се заштитени од објавување во јавност преку класификација на информациите како чувствителни, класифицирани или тајни, или пак на друг начин се заштитени од објавување, поради релевантноста на информациите за заштита на национаните интереси. Многу влади пак исто така изнесуваат на виделина закони или информации за законодавството, кои се користат за да се дефинира опфатот на националните интереси.
Универзалната декларација за човекови права гласи: „Секој има право на слобода на мислење и изразување. Ова право вклучува слобода да се задржи мислењето без некој да се вмеша и да се даваат информации и идеи преку кој било медиум без оглед на тоа каде се наоѓа".
Оваа филозофија обично е придружена со закон кој обезбедува повеќе степени на слобода, слобода на научни истражувања (познато како научна слобода), на објавување, на печат, а статиите за тоа колку длабоко овие закони се вкоренети во правниот систем на државата може да одат до таму колку што дозволува нејзиниот устав. Концептот на слобода на говор и оној за слобода на печат, често е опфатен со истиот закон, давајќи му ист третман на усното и писменото изразување.