Си Џинпинг
Генерален секретар на Комунистичката партија на Кина / From Wikipedia, the free encyclopedia
Си Џинпинг (кинески: 习近平, пинјин: Xí Jìnpíng; р. 15 јуни 1953) — Генерален секретар на Комунистичката партија на Кина (КПК), Претседател на НР Кина и Претседател на Централниот воен комитет. Како генерален секретар, тој е член и на Постојаниот комитет на Политбирото на КПК, де факто врховен управен орган во земјата.
Си Џинпинг 习近平 | |
---|---|
Си Џинпинг во 2023 г. | |
Генерален секретар на ЦК на КПК | |
На должноста | |
Стапил 15 ноември 2012 | |
Заменик | Ли Кеќанг (II во ПКП) |
Претходник | Ху Џинтао |
Претседател на НР Кина | |
На должноста | |
Стапил 14 март 2013 | |
Премиер | Ли Кеќанг |
Потпретседател | Ли Јуенчао |
Претходник | Ху Џинтао |
Лични податоци | |
Роден(а) | 15 јуни 1953(1953-06-15) (70 г.) Пекинг |
Партија | Комунистичка партија |
Сопружник | Пенг Лијуен |
Деца | Мингце |
Живеалиште | Џунгнанхај |
Установа | Универзитет „Цингхуа“ |
Си е син на комунистичкиот првоборец Си Џунгсин и политички се издигнал во приморските покраини на земјата. Помеѓу 1999 и 2002 г. бил управник на покраината Фуѓен, а помеѓу 2002 и 2007 г. бил управник и партиски началник н на соседната покраина Џеџинг. По отпуштањето на Чен Лиангји, Си бил префрлен во Шангај, на функцијата партиски секретар, а подоцна истата година (2007) влегол во централната управа, каде го подготвувале за наследник на претседателот Ху Џинтао.
Како водач на петтото поколение на државното водство,[1] ја возобновил масовната борба против корупцијата, продолжил со пазарните реформи и создал отвореност и отчетност во урпавувањето. Сите овие мерки се окарактеризирани со неологизмот „кинески сон“.[2]