Претседател на Народна Република Кина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Претседателот на Народна Република Кина (кин. 中华人民共和国主席, пинјин: Zhōnghuá Rénmín Gònghéguó Zhǔxí, мак. „Џунгхуа женмин гунгхегуо џуси“) е шеф на државата Народна Република Кина. Функцијата е создадена со Уставот од 1982 г. Формално Националното народно собрание го избира претседателот согласно Член 62 од уставот. Меѓутоа во практика овие избори спаѓаат во категоријата на 'еднокандидатни' избори, каде кандидатот е препорачан од политбирото на Комунистичката партија.
Кратки факти Претседател на Народна Република Кина, Седиште ...
Претседател на Народна Република Кина | |
---|---|
Седиште | Џунгнанхај |
Назначувач | Национално народно собрание |
Мандат | пет години, повторлив последователно само еднаш |
Прв функционер | Мао Це Тунг |
Создадена | 1954-1975 18 јуни 1983 |
Мреж. место | Претседателство |
Затвори
Поимот „џуси“ значи „претседател“ (како и „претседавач“). Меѓутоа поимот „претседател“ како шеф на друга држава е „Цунгтунг“ (总统, zǒngtǒng), што понекогаш предизвикува забуна.