Сезонско парење
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сезонско парење е кога разните видови животни успешно се парат само во определено време во годината. Ова време во годината овозможува раѓањето да е оптимално за опстанок на младите во однос на фактори како што се: температурата, достапност на храна и вода, па дури и во однос на грабливите однесувања кај другите видови.[1] Сексуалните односи се изразуваат и прифаќаат само во текот на овој период. Женките имаат само еден или повеќе циклуси за време на сезоната, односно стануваат плодни и подготвени за парење. Во другиот дел од годината тие се неплодни. За разлика од репродуктивните циклуси, сезонството го има и кај мажјаците и кај женките. Мажјаците може да покажат промени во нивото на тестостерон, тежината на тестисите и плодностa, зависно од времето во годината.
Сезонските размножувачи се разликуваат од опортунистичките, кои се парат секогаш кога условите во нивната животна средина се погодни, и се разликуваат од продолжителните размножувачи, кои се парат преку целата година, како што се луѓето, на пример.