Северно Косово
From Wikipedia, the free encyclopedia
Северно Косово (српски: Северно Косово, албански: Kosova Veriore) — неофицијално име за регионот во составот на Косово, населен претежно со Срби, кои по албанското прогласување на независноста остана под контрола на Владата на Србија. Овој регион функционира автономно од остатокот на самопрогласената Република Косово.[1][2] Воедно ова е Српскиот дел од државата Косово, која историски беше дел од областа Дендра, на чија територија се воздигна средновековната српска држава Рашка. Ги вклучува четирите општини: Северна Косовска Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток.
| |||
Главен град | Северна Косовска Митровица | ||
Површина | |||
- Укупно | 1,200 км2 | ||
Население | |||
- 2006. | 68 000 | ||
- Густина | 56.7/km (2006) | ||
Валута | Српски динар (-{РСД}-) | ||
Часовен појас | UTC +1 |
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
За разлика од Српските енклави во Косово и Метохија и српските енклави во централно Косово, кои се опкружени со албанска територија, Северно Косово отворено се граничи со Централна Србија. Ова му даде способност на Србите да имаат власт скоро независно од Косовските институции во де факто држава од поделба; властите одбраа да ги почитуваат дирекните закони од Белград, од каде, тие веруваат има легално право врз цело Косово. Сепак, и покрај тоа што Северно Косово е во близина на Централна Србија, неговата локација во Косово и целите од Кумановскиот договор од 1999, значи дека пристапот до и од Централна Србија е предмет за преминување на гранична контрола администрирана од страна на УНМИК. Ова му дава врска меѓу Северно Косово и Белград поблиску од тоа на ексклава (остров со негов главен регион). Пред Косовската декларација за независност од страна на Косовските власти, се шпекулира дека Косово би можело да биде поделено со идејата Северно Косово да остане во Србија.[3][4] Проблемите за регионот е предмет на расправа на Белградско-приштинските преговори.
На територијата на Северно Косово и понатаму делуваат српските институции, кои се составен дел на политичкиот, здравствениот, културниот и образовниот систем на Република Србија. По преместувањето од Приштина поради воените случувања во 1999. година, сите катедри на стариот српски Универзитет во Приштина се сместени во северно Косово, во Косовска Митровица, Звечани, Лепосавиќ, Лешак и во Зубин Поток.
Косово е предмет на оспорен и неутврден статус: Според Резолуцијата 1244 од ООН, Косово е дел од Сојузна Република Југославија (и воедно е автономна провинција во рамките на Република Србија) со администрација на УНМИК (меѓународен протекторат од 1999 година), но институциите на самопрогласената влада прогласија независност на 18 февруари 2008 Архивирано на 7 август 2011 г. и од тогаш Република Косово е делумно призната од 77 земји од светот. Повеќето Српски институции во Косово одбиваат да го признаат, сметајќи дека Косово е дел од Србија. Косовските институции, сакаат контрола врз целата територија на Косово и се противат на каква било паралелна влада за Косовските Срби.[5] Цела територија на Косово е под контрола на НАТО силите коишто служат за безбедност од надворешни и внатрешни закани