Револуција на каранфилите
From Wikipedia, the free encyclopedia
Револуцијата на каранфилите (португалски: Revolução dos Cravos), познат и како 25 април ( португалски: 25 de Abril), е државен удар од 25 април 1974 година во Лисабон кога без крвопролевање бил соборен авторитарниот режим Нова Држава на чело со Марселo Каитано.[1] Револуцијата предизвикала длабоки социјални, економски, територијални, демографски и политички промени во Португалија и нејзините прекуокеански колонии. Со неа започнал процесот на португалска транзиција кон демократија и се ставил крај на Португалската колонијална војна.
Револуција на каранфилите | |||
---|---|---|---|
Толпа слави врз оклопно возило во Лисабон, 25 април 1974. | |||
Датум | април 25, 1974; пред 50 години (1974-04-25) | ||
Место | Португалија | ||
Повод |
| ||
Начини | Државен удар | ||
Исход | Победа на Движењето на капетаните
| ||
Страни во судирот | |||
| |||
Предводници | |||
| |||
Настрадани | |||
4 убиени |
Револуцијата била организирана од Движењето на капетаните (португалски: Movimento das Forças Armadas), составено од воени офицери кои биле против режимот.
Револуцијата на каранфилите своето име го добила поради фактот што речиси и бил испукан ниеден куршум, а Селесте Каеиро им нудела каранфили на војниците откако населението излегло на улиците за да го прослави крајот на диктатурата. Другите демонстранти го следеле примерот и каранфилите биле ставени во цевките на пушките и на униформите на војниците.[2] Во Португалија, 25 април е државен празник (португалски: Dia da Liberdade, Ден на слободата) со кој се одбележува револуцијата.