Потковица
From Wikipedia, the free encyclopedia
Потковица[1][2] или поткова[3][4] — железна подлошка што се заковува на копитата на домашните животни (непарнокопитни и парнокопитни) со цел да се заштитат од трошење и повреди и да му овозможи на животното да оди побезбедно.[5] Потковицата се дотерува на големината и обликот на копитата, одењето, работата и грешките на копитата. Кај непарнкопитните (коњи, магариња, маски, мулиња) животни потковицата е во облик на латиничната буква U и потребни се четири потковици за потковање на едно животно. Кај парнокопитните животни (волови и биволи) потковицата е во облик на полукружна плочка и потребни се 8 потковици за едно животно.
Во многу култури, постои верување дека потковицата што виси над вратата носи среќа. Ако е свртена нагоре, ќе се погрижи среќата да не исчезне, а ако е свртена надолу, среќата ќе падне на секој што ќе помине низ таа врата.