Пикометар
единица за должина / From Wikipedia, the free encyclopedia
Пикометар (симб. pm, пм) — единица за должина во метричкиот систем еднаква на еден билионити дел (1⁄1.000.000.000.000) од метарот. Може да се претстави во научен запис како 1×10−12 м или како 1 E−12 м во инженерски запис. Попрост начин на претставување е 1 м / 1.000.000.000.000.
Еден пикометар е еднаков на една милионитина од микрометарот (микрон) и порано се нарекувал микромикрон, стигма или бикрон со симбол µµ.[2][3] Сто пикометри сочинуваат еден ангстрем.