Панславизам
From Wikipedia, the free encyclopedia
Панславизмот[1] е движење од средината на XIX век, чија цел е обединување на сите словенски народи. Во фокусот бил Балканскиот Полуостров, каде што Јужните Словени биле под контрола на две големи империи, Австроунгарија и Отоманското Царство. Од страна на Руската Империја, односно СССР подоцна, панславизмот бил користен во политички пропагандни цели.