Старо камено време
From Wikipedia, the free encyclopedia
Старо камено време или палеолит е термин со кој Л. Лубок во 1865 година ја означил најстарата и најдолга предисториска епоха. Се протега од најраната позната употреба на камени алатки од страна на хоминините, пред ок. 3.3 милиони години, до крајот на плеистоценот, пред ок. 11,650 години.[1]
Трипериоден систем | ||||
Холоцен | Железно време | Протоисторија | ||
Доцно бронзено време | ||||
Средно бронзено време | ||||
Младо бронзено време | ||||
Бронзено време | ||||
Бакарно време (енеолит) | ||||
Младо камено време (неолит) | Праисторија | |||
Мезолит / Епипалеолит | ||||
Плеистоцен | Доцен палеолит | |||
Среден палеолит | ||||
Ран палеолит | ||||
Палеолит | ||||
Камено време |
Материјалната култура на овој период ја оствариле мали човечки заедници (едно или неколку семејства), чиј опстанок се засновал на ловечко - собирачки начин на живеење. Подвижноста на ваквите заедници била ускладена со годишните времиња, користењето на природните ресурси, или помалку или повеќе широкиот спектар на растителни или животински видови на одредена територија. Поради тоа археолошката документација за палеолитските заедници се однесува на трагите кои тие ги оставиле зад себе во Пештерапештерите, поткарпите, или на отворен простор (огништа, орудија, коски од уловените животни). Со оглед на геолошката старост на слоевите во кои таквите остатоци се најдени, како и на технолошкиот начин на изработка на орудијата од делкани, најчесто силикатни карпи и минерали, животински коски и рогови, изведена е традиционална поделба на палеолитот на ран, среден и доцен палеолит.