Осиромашување на озонскиот слој
From Wikipedia, the free encyclopedia
Осиромашувањето на озонскиот слој претставува бавен процес на постојано намалување на концентрацијата на озонот во стратосферата на Земјата, во т.н. озонска обвивка, од околу 4% вкупниот волумен во текот на една декада. Од крајот на 1970-тите години, намалувањето на концентрацијата на озонот во стратосферата е многу поголемо во поларните региони. Тој феномен се нарекува озонска дупка.
Во механизмот на настанување на озонската дупка во поларните региони многу важна улога имаат хлорот и бромот кои го катализираат процесот на разложување на озонот.[1] Главен извор на овие халогени во стратосферата е претставуваат хлорофлуоро карбонатите (се означуваат како: CFC соединенија). Овие соединенија се нарекуваат фреони.[2]