Домашна овца
From Wikipedia, the free encyclopedia
Домашната овца (Ovis aries) спаѓа во редот парнокопитни, и во семејството празнороги. Во светот постојат четириесетини раси на овци распространети низ целиот свет, освен на далечниот север. Голем број од овие раси произлегле од муфлонот. Ги има на ливадите и во прериите, на планинските пасишта и на фармите за добиток. Тежината и големината многу варираат од една до друга раса. Просечна овца е долга 1,50 метри и висока 90 см. Тежината и се движи од 90 до 150 килограми. Може да се размножува штом ќе наполни една и пол година. По 150 дена од спарувањето, женката обично ојагнува едно јагне. Доењето трае 4 месеци. Овцата е тревопасен преживар: зиме останува во трлото и се храни со сено и со зрнеста храна од житни растенија, напролет се напасува на пасишта. Во планинските предели сè уште се практикува летна преселба на стадата од пониски предели на бачила.
Домашна овца | |
---|---|
Стадо за истражувања во Американската експериментална станица за овци близу Дубуа (Ајдахо) | |
припитомен | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Парнокопитни |
Семејство: | Шуплороги |
Потсемејство: | Кози |
Род: | Овци |
Вид: | O. aries |
Научен назив | |
Ovis aries Линеј, 1758 | |
Мажјакот на овцата се нарекува овен[1] или брав[2]. Младенчето се нарекува јагне[3], ако е доцна ојагнето се нарекува сугаре[4], а кога ќе наполни една година се нарекува шилеже[5]. Овца која не се ојагнила две години се нарекува ѕвиска[6]