Непалски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Непалскиот јазик (नेपालीcode: ne is deprecated ) е јазик од групата индоариски јазици во рамките на индоевропското семејство.
- „Непалски“ е името и на неварскиот јазик.
Непалски | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
नेपालीcode: ne is deprecated | ||||||
Зборот „непалски“ напишан на деванагари | ||||||
Застапен во | Непал, Индија, Бутан | |||||
Народ | Каси (вкл. Гурките) | |||||
Говорници | 13,9 милиони[1] (2001) | |||||
Јазично семејство | индоевропско
| |||||
Писмо | деванагари | |||||
Статус | ||||||
Службен во | Непал Индија (во Сиким и округот Дарџилинг, Западен Бенгал) | |||||
Регулативен орган | Јазична академија на Непал | |||||
Јазични кодови | ||||||
ISO 639-1 | ne | |||||
ISO 639-2 | nep | |||||
ISO 639-3 | nep — опсежен код Поединечни кодови: npi — непалски dty — дотјалски | |||||
Распределба на непалскиот јазик во светот: Темносино: главен јазик, Светлосино: едне од службените јазици, Црвено: говорниците сочинуваат над 20% од населението, но јазикот нема законски пропишан статус. | ||||||
|
Претставува службен јазик и лингва франка во Непал, но се говори и во Бутан, Делови од Индија и делови од Мјанмар (Бурма). ВО Индија, непалскиотужива статус на службен јазик во сојузната држава Сиким и округот Дарџилинг во Западен Бенгал. Неговото влијание е забележливо во Бутан и извесни делови од Бурма. Низ историјата, јазикот се развивал во содејство со околните јазици од тибетско-бурманското семејство, од кои поважна улога одиграле кирантскиот и гуруншкиот, поради што непалскиот има влијанија од истите.
Во минатото, јазикот најпрвин се нарекувал каскура (говор на „касите“, т.е. оризари), потоа гуркали (говор на Гурките), за на крај да биде наречен непали („непалски“). Други називи се парбатија („планински јазик“, говор на народот Парбатија во Непал) и лоцамика („јужен јазик“, говор на народот Лоцампа во Бутан).