Намаз (ислам)
исламска молитва / From Wikipedia, the free encyclopedia
Намаз (или салат) – муслиманска молитва која муслиманите ја прават петпати во денот.[1] Намазот е најзначаен вид молитва кај муслиманите. Намазот претставува еден од петте столба на исламот кај сунитите, и еден од десетте чинови на исламот кај шиитите.
Дел од темата |
Верувања и обичаи |
Божје единство |
Главни дејци |
Мухамед |
Текстови и Закони |
Куран • Хадис • Шеријат |
Гранки на исламот |
Социополитички аспекти |
Академци • Филозофија |
Поврзано |
Исламски лексикон |
Муслимани изведуваат пет намаза дневно:
- сабах
- пладне
- икиндија
- акшам
- јација
Од верниците муслимани се очекува пет пати дневно со лицето да се свртат кон Мека и да ја изговорат пропишаната реченица со која одлучува да пристапи на одреден намаз. Молитвата е втор столб на верата. Постојат два вида молитви. Првата, дова (дора) е лична молитва, неврзана за какви било правила или ритуали. Другата, салат, е ритуална молитва која се состои од одредени движења и зборови. Молитвата во хадисот се спомнува како суштински чин на покорување на Бога и основен доказ за припадност на исламот. Клучно значење кое во исламот ѝ се придава на молитвата потекнува од сфаќањето дека изведувањето салат го принудува човечкото тело да реагира на стварноста која претходно во сехада била потврдена со срце и јазик.
Во Мухамедовите пораки на арапските племиња, салатот често се прикажува како должност на муслиманите. Според преданието, петте дневни молитви водат потекло од самиот почеток на исламот. Тоа се поврзува со Мухамедовото влегување во рајот (џенет). Кога Мухамед бил вознесен на небо, Бог ѝ наложил на неговата заедница 50 молитви дневно. Мухамед заминува од Бога со таа обврска. На враќање го сретнува Мојсие (Муса), кој го прашал што ѝ наложил Бог на неговата заедница. Кога ја чул наредба му рекол: „Врати се кај твојот Господар, бидејќи заедницата не е во состојба тоа да го извршува“ и тогаш Бог го смалил бројот на молитив на 25, па бидејќи и тоа било многу, дошло до смалување на само 5 молитви дневно.