Моравска Србија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кнежество Моравска Србија — историографско име за една од најважните српски средновековни држави, создадена веднаш по распадот на Српското Царство (1371). [1] [2] [3] Како посебна област, почнала да се формира веќе во последните години од владеењето на царот Стефан Урош (1355-1371). По смртта на царот, кнезот Лазар (1371-1389) успеал да се наметне како земјопоседник во областите што го опфаќале басенот Морава (Велика, Западна и Јужна Морава). Лазаровото кнежество со текот на времето се проширило и во 1389 година се спротивставило на турските напади, кое довело до битката за Косово во која загинал и кнезот Лазар. Неговиот син и наследник, принцот Стефан Лазаревиќ, успеал да ја консолидира државата, по цена да ја прифати врховната турска власт. По битката кај Ангора (1402), кнезот Стефан ја добил титулата деспот, со што неговото кнежевство станало деспотство. Во овој период, моравскиот стил се развил во српската градба и архитектура. [4]
Кнежество Моравска Србија | ||||||
Кнежевина Моравска Србија (српски) Kneževina Moravska Srbija (српски) | ||||||
Вазлство на Отоманското Царство (1390–1402) | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Моравска Србија во втората половина на XIV век | ||||||
Главен град | Крушевац | |||||
Јазици | српски | |||||
Вероисповед | Српска православна црква | |||||
Уредување | монархија | |||||
Принц (Кнез) | ||||||
- | 1371–1389 | Лазар Хребељановиќ | ||||
- | 1389–1402 | Стефан Лазаревиќ | ||||
Историски период | среден век | |||||
- | Основана | 1371 | ||||
- | претварање во деспотство | 1402 | ||||
Валута | Српски перпер | |||||
Денес во | ||||||
a. | ^ Политичкиот статус на Косово е оспорен. Откако Косово еднострано прогласил независност од Србија во 2008 година, Косово е формално признаено како суверена држава, додека Србија не ја признава независноста и ја смета како дел од сопствената територија | |||||