Монокотиледони
From Wikipedia, the free encyclopedia
Монокотиледоните (лат. Liliopsida, Monocotyledones, Monocotyledoneae; англ. monocots) ја образуваат втората најголема класа на скриеносемени (цветни) растенија[1]. Монокотиледоните се група која се состои од околу 50 000 видови, 2800 родови и 60 фамилии, што е околу ¼ од вкупното разнообразие на цветни растенија. При крајот на XX и почетокот на XXI век, ботаничарите-систематичари го зголемиле бројот на фамилии на монокотиледони со разделување на постоечките, така што во некои класификациски системи растенијата од ,,старата‘‘ фамилија на лилјаните се распоредени во неколку десетици фамилии. Најмногубројна фамилија во рамките на групата образуваат орхидеите (20 100 видови[1]), кои се одликуваат со многу сложени, прекрасни цветови. На второ место според бројност на видови е економски важната фамилија на треви (10 000 видови[1]). Други поголеми фамилии образуваат: остриците (5300 видови), палмите (2800 видови) и козлеците (2500 видови).
Монокотиледони Период: Рана Креда - денес | |
---|---|
Цвет на Gladiolus illyricus, илирска гладиола. | |
Научна класификација | |
Царство: | Plantae |
Нерангирано: | Скриеносемени |
Нерангирано: | Монокотиледони |
Редови | |
Околу 10; видете во текстот. |