Молдавија
држава во Источна Европа / From Wikipedia, the free encyclopedia
Оваа статија е за европската држава, за регионот во Романија видете Молдавија (регион).
Република Молдавија Republica Moldova
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: Limba Noastră Нашиот јазик |
||||||
Местоположба на Молдавија (зелено) и
Приднестровие (светлозелено) во Европа |
||||||
Главен град (и најголем) | Кишинев 47°0′N 28°55′E | |||||
Службен јазик | Романскиa[1][2][3] | |||||
Демоним | Молдавци
(Молдавец/Молдавка) |
|||||
Уредување | унитарна парламкентарна република |
|||||
• | Претседател | Маја Санду | ||||
• | Премиер | Дорин Речан | ||||
• | Претседател на парламентот | Игор Гросу | ||||
Законодавство | Парламент | |||||
Независност од СССР | ||||||
• | Прогласена сувереност | 23 јуни 1990 | ||||
• | Прогласена независност | 27 август 1991b | ||||
• | Усвојување на уставот | 29 јули 1994 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 33,846 км2 (138.) | ||||
• | Вода (%) | 1.4 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2014 г. | 2,913,281[4] (без Приднестровие) (133.) |
||||
• | Попис 2004 | 3,383,332[5] (без Приднестровие) 3,938,679[6] (без Приднестровие) |
||||
• | Густина | 105 жит/км2 (101.) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2015 г. | |||||
• | Вкупен | 14.820 млј. долари[7] | ||||
• | По жител | $4,177[7] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2015 г. | |||||
• | Вкупно | 8.738 млј. долари[7] | ||||
• | По жител | $2,456[7] | ||||
Џиниев коеф. (2014) | 26.8[8] низок |
|||||
ИЧР (2013) | ▲ 0.663[9] среден · 114. |
|||||
Валута | молдавски леу (MDL ) |
|||||
Часовен појас | EET (UTC+2) | |||||
• | (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .md | |||||
Повик. бр. | +373 | |||||
Светец заштитник | Свети Георги | |||||
а. | согласно Прогласот на независност, кој според уставниот суд има превосходство над Член 13 од Уставот, каде се користи називот „молдавски“.[1] | |||||
б. | Датум на прогласувањето. Независноста целосно стекната со распадот на СССР во декември 1991 г. |
Молдавија (молдавски и романски: Moldova), полн назив: Република Молдавија (Republica Moldova) — држава во Источна Европа. Се протега долж Бесарабија. Главен град е Кишинев (Кишинау). На исток, југ и север се граничи со Украина, а на запад со Романија.
Областа Приднестровие мнозински населена со Руси и Украинци преку референдум изгласа независност од Молдавија и сојуз со Русија, но нејзината независност сѐ уште не е сосема меѓународно признаена. Во 1991 година како резултат од распадот на Советскиот Сојуз, Молдавија прогласила независност, притоа задржувајќи ги истите граници од дотогашната Молдавска Советска Социјалистичка Република. На 29 јули 1994 година стапил на сила новиот Устав на Република Молдавија. Новата држава веќе била меѓународно призната, но регионот Приднестровие, кој се наоѓа на источниот дел од коритото на реката Днестар, од 1990 година па наваму е управуван од де факто своја влада. Република Молдавија е парламентарна држава со претседател како глава на државата и премиер на чело на владата. Членува во Обединетите Нации, Советот на Европа, Светската трговска организација, ОБСЕ, (Организацијата за демократија и економски развој), Заедницата на независни држави, Организацијата за црноморска економска соработка) и други меѓународнитела. Молдавија денес се стреми за придружување кон Европската Унија и го спроведе првиот тригодишен оперативен план од рамковниот договор за Европска соседска политика (ЕНП).