Милитаризам
From Wikipedia, the free encyclopedia
Милитаризам се дефинира како:
уверување или желба на влада или народ државата да има силна војска и да биде подготвена да ја користи агресивно во своја одбрана или за остварување на своите национални интереси.[1]
Алтернативни дефиниции се „агресивност што вклучува закана за употреба на воена сила“,[2], „глорификација на идеалите на професионална воена класа“ и „доминација на воените сили во раководењето со една држава“[3] (види и: стратократија и воена хунта).
Милитаризмот бил важен елемент на империјалистичките или експанзионистичките идеологии на низа нации низ историјата. Важни примери се Асирската Империја, грчкиот град-држава Спарта, Римското Царство, државата на Ацтеките, Кралството Прусија, Британската Империја, Јапонската Империја, СССР, Италијанската Колонијална Империја во текот на владеењето на Бенито Мусолини, Нацистичка Германија и Американскиот Империјализам.