Меѓународен суд на правдата
From Wikipedia, the free encyclopedia
Меѓународниот суд за правда е главниот судски орган на Обединетите Нации. Седиштето на овој суд се наоѓа во Палатата на мирот во Хаг, Холандија. Основан е во 1945 година според одредбите на Повелбата на Обединетите Нации, а започнал со работа во 1946 година, како наследник на Постојаниот суд за меѓународно право. Статусот меѓународен суд на правдата е сличен со статутот на неговиот претходник и е главен конструктивен документ кој ја утврдува и регулира работата на судот.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Меѓународен суд на правдата | |
---|---|
Cour internationale de justice | |
International Court of Justice Seal | |
Основан | 1945 |
Надлежност | Worldwide, 193 State Parties |
Местоположба | Хаг, Холандија |
Координати | 52°05′11.76″N 4°17′43.80″E |
Authorized by |
|
Judge term length | 9 години |
Number of positions | 15 |
Мрежно место | www.icj-cij.org |
Моментално | Рони Абрахам[1] |
Од | 6 февруари 2015 |
Lead position ends | 5 февруари 2018 |
Сегашен | Abdulqawi Yusuf[1] |
Од | 6 февруари 2015 |
До | 5 февруари 2018 |
Меѓународниот суд на правдата не треба се разликува од меѓународниот кривичен суд, кој исто така има потенцијал за глобална надлежност. Англискиот и Францускиот јазик се службени јазици на судот.
Работата на судот карактеризира широк опсег на судски активности. Главна функција е решавање на правни парници поднесени од државите и доделување правни совети поднесени од страна на меѓународно овластени органи и агенции. Судот гарантира право на јавно и непристрасно судење.
Бројот на парници пред меѓународниот суд за правда бил релативно мал сè до 1980 година кога волјата за користење на судот пораснала, пред сè на земјите во развој.
САД во 1986 се повлекле од присилното судство што по автоматизам значи дека ги признаваат надлежностите на судот од случај до случај.