Метаморфоза
From Wikipedia, the free encyclopedia
Метаморфоза — биолошки процес со кој животно физички се развива по раѓање или испилување, вклучувајќи и видливо и релативно нагло менување на телесната структура на клеточниот раст на животното и клеточната диференцијација. Некои инсекти, риби, мекотели и ракови се подложени на метаморфоза, која често е придружена со промена на изворот на исхрана или однесувањето. Животните што минуваат низ метаморфоза се нарекуваат метаморфозни животни. Животните може да се поделат на видови кои се подложени на целосна метаморфоза („Холометаболизам"), нецелосна метаморфоза ("хемиметаболизам"), или нема метаморфоза ("аметаболизам").
Научното користење на терминот е технички прецизно и не се применува на општите аспекти на клеточниот раст, вклучувајќи го и брзиот пубертет. Референциите за "метаморфоза" за цицачите се непрецизни и само колоквијални, но историско идеалистички идеи за трансформација и монадалогија, како во метаморфоза на растенијата , влијаеле врз развојот на идеите за еволуција.