Крикет
екипен спорт со топче и палка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Крикет (од англиски: cricket) — спорт во кој треба да се удри топче со палка. На прв поглед е сличен со безболот од САД, но во суштина е многу постар. Крикетот за првпат се споменува во документ од 16 век, според кој бил игран во Англија. На професионално ниво се игра во следниве држави: Австралија, Англија, Бангладеш, Зимбабве, Индија, Јужна Африка, Кенија, Нов Зеланд, Пакистан, Шри Ланка и на Карибите.
- Оваа статија се однесува на спортот крикет. За други значења видете Крикет (појаснување)
Во Македонија, крикетот е застапен преку клубот „Кинг Кобра“ кој организира турнири во земјата и меѓународни натпревари со соседни земји.[1]