Клуж-Напока
From Wikipedia, the free encyclopedia
Клуж-Напока | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
City | |||||||
Прекар(и): Treasure City (романски: orașul comoară;[1] унгарски: kincses város)[2] | |||||||
Местоположба на градот на картата на Романија | |||||||
Координати: 46°46′N 23°35′E | |||||||
Земја | Романија | ||||||
Метрополитска област | Клуж-Напока | ||||||
Статус | Главен град на округот | ||||||
Основање | 1213 (како Клуж) | ||||||
Управа | |||||||
• Градоначалник | Емил Бок (ПНЛ) | ||||||
Површина | |||||||
• City | 179,5 км2 (693 ми2) | ||||||
• Метро | 1.537,5 км2 (5,936 ми2) | ||||||
Надм. вис. | &10000000000000340000000340 м | ||||||
Население (2011 census[3][4]) | |||||||
• City | 324,576 | ||||||
• Густина | 1.808/км2 (4,680/ми2) | ||||||
• Метро | 411,379[4] | ||||||
Час. појас | EET (UTC+2) | ||||||
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||||||
Пошт. бр. | 400xyz1 | ||||||
Повик. бр. | +40 x642 | ||||||
Регистарски броеви | CJ-N3 | ||||||
Мреж. место | primariaclujnapoca.ro | ||||||
1x, y, и z се бројки кои укажуваат на улица, дел од улица, па дури и на адреса на зградата 2x е бројка која укажува на операторот: 2 за поранешен национален оператор, Romtelecom, и 3 за други телефонски мрежи 3се користи само на таблите на возилата кои работат само во границите на градот (како тролејбуси или трамваи) |
Клуж-Напока (романски: Cluj-Napoca) или Коложвар (унгарски: Kolozsvár) — втор најнаселен град во Романија по престолнината Букурешт[5] и седиште на истоимениот округ кој се наоѓа во северозападниот дел на земјата. Географски, градот е приближно еднакво оддалечен од Букурешт (324 километри), Будимпешта (351 километри) и Белград (322 километри). Клуж-Напока се наоѓа по долината на реката Сомешул и се смета за неофицијална престолнина на историската провинција Трансилванија. Од 1790 до 1848 и 1861 — 1867 година, градот бил престолнина на Големото Кнежевство Трансилванија. Други имиња за градот се: германски: Klausenburg; унгарски: Kolozsvár; средновековен латински: Castrum Clus, Claudiopolis; и јидиш: קלויזנבורג, Kloiznburg.
Според податоци од 2011 година, во градот живеат 324.576 жители, што претставува мало зголемување од бројката забележана во пописот од 2002 година[3][6]. Градското подрачје Клуж-Напока има население од 411.379 жители[4][7], додека населението од областа надминува 420.000 жители[4][8]. Новата митрополитска влада на градот започнала со работа во декември 2008 година[9]. Според проценката од 2007 година од страна на окружниот регистар на население, градот е домаќин на околу 20.000 студенти секоја година во текот од 2004-2007.[10]. Градот се шири надвор од црквата Свети Михаил, изградена во 14 век и посветена на Архангел Михаил, кој е заштитник на градот[11]. Границата на општината има површина од 179,52 км2.
Клуж-Напока доживеал голем пад во текот на 1990-тите години поради политиките на градоначалникот во тоа време[12], но денес градот е еден од најважните академски, културни, индустриски и трговски центри во Романија. Меѓу другите институции, градот е домаќин на најголемиот универзитет во земјата, Бабеш Болјаи, со неговата позната ботаничка градина, национално признати културни институции како и на најголемата романска комерцијална банка[13][14]. Во 2015 година, Клуж-Напока бил избран за Европска престолнина на младите[15].