Кинеско стандардно време
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кинеско стандардно време или пекиншко време е часовен појас што се користи во Народна Република Кина (континентален дел). Овој појас е 8 часа понапред од UTC (UTC+8).[1]
Извесни региони во источна Азија како Голема Кина исто така користат часовни појаси со истото отстапување, но под различни називи како Чунгјуенско стандардно време, Хонгконшко време, Макајско стандардно време, Филипинско стандардно време, Сингапурско стандардно време итн.
НР Кина применувала летно сметање на времето од 1986 до 1991 г, но сега тоа е укинато.[2]