Кенџерова пирамида
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кенџерова пирамида — пирамида изградена за погребување на фараонот Кенџер од 13 -та династија, кој владеел со Египет околу 1760 година пр.н.е. за време на вториот среден период.[2] Пирамидата, која е дел од поголем комплекс кој вклучува мртовечки храм, капела, два оградни sида и помошна пирамида, првично била висока околу 37 метра, а сега е целосно уништена. Пирамидата бил откриена за време на ископувањата под раководство на Гистав Жекје во 1929 година, и обележјата покажувале дека пирамидата била завршена за време на животот на Кенџер.[3] Тоа е единствената пирамида за која се знае дека била завршена за време на 13-тата династија .
Кратки факти Кенџерова пирамида, Кенџер, 13-та династија ...
Кенџерова пирамида[1] | |
---|---|
Реконструкција на Кенџеровиот пирамиден комплекс. | |
Кенџер, 13-та династија | |
Координати | 29°49′56″N 31°13′26″E |
Изградба | околу 1760 BC |
Тип | Вистинска пирамида (денес во урнатини) |
Материјал | Јадро од плитари со варовничка облога |
Висина | 37,35 m, денес 1 m |
Основа | 52,5 m |
Волумен | 34,315 m3 |
Наклон | 55° |
Затвори