Келти
From Wikipedia, the free encyclopedia
Келтите од железното и римско време — посебна група на индоевропски народ кој живеел во Европа со свој сопствен келтски јазик.[1]
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Најраната археолошка култура која е прифатена како келтска или повеќе како пракелтска, била средноевропската халштатска култура (околу 800-450 г.п.н.е.), именувана според богатите наоди од гробиштата во Халштат во Австрија. До доцниот период на латенската култура (околу 450 г.п.н.е. сѐ до римското освојување), оваа келтска култура се проширила низ многу региони, без разлика дали преку дифузија или преселба: до Британските Острови (островски Келти), Пиринејскиот Полуостров (Келтиберци, Келтици), поголемиот дел од Средна Европа, (Гали) и следејќи ја галската инвазија на Балканот во 279 година пред нашата ера кон исток сѐ до централна Анадолија (Галатинци).
Најраните директно посведочени примероци од келтски јазик се Лепонтските записи, почнувајќи од шестиот век пред нашата ера. Континенталните Келтски јазици се посведочени само во записите и имињата на некои места. Островскиот келтски јазик е посведочен околу четвртиот век од нашата ера во записите огхам од околу осмиот век. Кохерентни текстови од раната ирска литература, како што е Таин Бо Куалнге (The Cattle Raid of Cooley), преживуваат во рецензиите од дванаесеттиот век. Според теоријата на Џон Т. Кох и други, тартезискиот јазик можеби е најраниот директно посведочен келтски јазик со тартезиската напишана скрипта употребена во записите основани на верзијата на фениската скрипта која се употребувала околу 825 година пред нашата ера.
Во почетокот на првиот милениум од нашата ера, по ширењето на Римското Царство и Големата преселба на народите на германските народи, келтската култура се ограничила само на Британските Острови и континенталните келтски јазици широко се употребувале до шестиот век. Културата на островските Келти се преточила во онаа на Галите, Велшаните и Бретонците од средниовековните и нововековните периоди. Современиот „келтски идентитет е конструиран во контекст на романтичарската келтска обнова, најмногу во Велика Британија и Ирска.“