Катар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Катар (арапски: арапски: قطر) или службено Држава Катар (دولة قطر) — држава во Југозападна Азија. Се наоѓа на полуостровот Катар. Главен град е Доха. Го опфаќа малиот полуостров на западниот брег на Персискиот Залив и неколку соседни островчиња. На југ се граничи со Саудиска Арабија, а на запад по море се граничи со Бахреин. По државно уредување е апсолутна монархија — емират.
Држава Катар دولة قطر Dawlat Qaṭar |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: السلام الأميري (арапски: „Мир за Емирот“ |
||||||
Главен град (и најголем) | Доха 25°18′N 51°31′E | |||||
Службен јазик | арапски | |||||
Демоним | Катарец | |||||
Уредување | Апсолутна монархија | |||||
• | Емир | Хамад бин Халифа ел-Тани | ||||
• | Принц-престолонаследник | Тамим бин Хамад ел-Тани | ||||
• | Премиер | Хамад бин Џасим бин Џабер ел-Тани | ||||
Законодавство | Советодавно собрание на Катар | |||||
Основање | ||||||
• | Основан од шеикот Џасим бин Мухамед ел-Тани | 18 декември 1878 | ||||
• | Независност од Отоманското Царство | 1913 | ||||
• | Независност од Обединетото Кралство | 3 септември 1971 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 11,437 км2 (164-та) | ||||
• | Вода (%) | незначително | ||||
Население | ||||||
• | Попис 2010 | 1,696,563[1] (148-ма) | ||||
• | Густина | 123.2 жит/км2 (123-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2010 г. | |||||
• | Вкупен | $150.550 милијарди[2] | ||||
• | По жител | $88,558[2] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2010 г. | |||||
• | Вкупно | $129.485 милијарди[2] | ||||
• | По жител | $76,167[2] | ||||
ИЧР (2014) | ▬ 0.851[3] многу висок · 31ва |
|||||
Валута | катарски ријал (QAR ) |
|||||
Часовен појас | AST (UTC+3) | |||||
• | (ЛСВ) | н/п (UTC+3) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .qa, قطر. | |||||
Повик. бр. | 974 |
Во последните 150-ина години, во политиката на Катар доминира семејството ел-Тани, од коешто потекнува и сегашниот емир. По крајот на британскиот протекторат во 1971, земјата не се приклучува во Обединетите Арапски Емирати, одбирајќи целосна независност.
Најзастапена религија е исламот. Јазикот на мнозинството од населението е арапскиот, односно неговиот локален дијалект. Голем број од жителите се странски државјани на работа во индустријата на нафта и на земен гас.
Со нафтената индустрија доминира доминира владата. Приходите од продажбата на нафта овозможија подобрување на животниот стандард и воведување на социјална држава, слична на оние во Европа. Во 2003, БДП по семејство бил 21 500 американски долари.
Катар е седиште на познатата арапска телевизија Ал-Џезира. Во последно време, земјата забрзано се демократизира. Локални избори првпат се спроведени во 1999, а собраниски избори во 2005.