Катализатор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Катализатор е секоја супстанција во хемијата која ги забрзува хемиските реакции, без притоа нејзиното количество при реакцијата да се измени. Хемиските реакции во кој учествува одреден катализатор се наречени реакции на катализа или каталитички реакции. Во случаи на хомогена катализа, катализаторот стапува во реакција со еден од реактантите (т.е. супстратот) и со него образува меѓупроизвод. Дури потоа меѓупроизводот стапува во заемно дејство со другите реактанти за на крајот да се образуваат продукти. Хомогените каталитички реакции се одвиваат во гасна фаза или во раствор. При хетерогена катализа, пак, честички од реактантите се апсорбираат на површината на катализаторот, а потоа таму се случува елементарен акт на хемиска трансформација. Во хетерогените каталитички реакции, катализаторот енајчесто цврст. Во секој случај, катализаторот само ја забрзува реакцијата, односно не може да предизвика некоја реакција која воопшто не би можела да се одвива ако тие не се присутни.[1]
Реакција без катализатор: A + B --> AB Реакција со катализатор: A + B + K --> [ABK] [ABK] --> AB + K
Забрзувањето на хемиските реакции со присуство на катализатори е многу корисно, а каталитичките реакции наоѓаат широка примена. Практична важност имаат т.н. каталитички претворачи што се поставуваат на патот на издувните гасови кај автомобилите. Други, доста важни катализатори се биокатализаторите, наречени ензими, кои ги катализираат биохемиските реакции.