Ири
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ири е единаесеттото најголемо езеро на Земјата и четвртото најголемо по површина во рамките на Големите езера, од кои и е дел. Тоа е и најтрсковитото и најмало по волумен езеро од сите Големи езера.[1] Се граничи на север со канадската провинција Онтарио, на југ со Охајо, Пенсилванија и Њујорк, а на запад со Мичиген. Езерото е именувано по племето Ири[2] кое живеело на неговиот јужен брег пред европскиот контакт. Долго е 388 km со максимална широчина 92 km и површина од 22.666 km2.[1]