Изборно Кнежевство Хесен
From Wikipedia, the free encyclopedia
Изборно Кнежевство Хесен (германски: Kurfürstentum Hessen), исто така познат како Хесен-Касел или Курхесен, — германско кнежевство, чиј кнез имал право да дава глас при изборот на царот на Светото Римско Царство. Кога Светото Римско Царство било укинато во 1806 година, нејзиниот кнез, Вилхелм I, избрал да ја задржи титулата на изборен кнез, иако веќе немало бирање на цар. Во 1807 година, со Тилзитските договори, областа била припоена кон Кралството Вестфалија, но во 1814 година, Виенскиот конгрес го вратил кнежевството.
Изборно Кнежевство Хесен | ||||||
Kurfürstentum Hessen | ||||||
Држава на Германски Сојуз (1815–66) | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Хесен-Касел (црвено) во 1866 година, непосредно пред Австро-пруската војна | ||||||
Главен град | Касел | |||||
Јазици | Германски | |||||
Вероисповед | Протестантство, Калвинизам, Јудаизам | |||||
Уредување | Апсолутна монархија | |||||
Кнез избирач од Хесен | ||||||
- | 1803–1821 | Вилхелм I | ||||
- | 1821–1847 | Вилхелм II | ||||
- | 1847–1866 | Фридрих Вилхелм | ||||
Историја | ||||||
- | Основана | 1803 | ||||
- | Анексирана од Кралството Вестфалија | 1807 | ||||
- | Повторно воспоставена | 1814 | ||||
- | Анексирана од Кралството Прусија | 1866 | ||||
Површина | ||||||
- | 1864 | 9581 км² | ||||
Население | ||||||
- | 1864 | 745063 | ||||
Густина | 77.8 жит/км² | |||||
Валута | Хесен-Касел талер, (до 1858) Хесен-Касел веринсталер, (1858–1873) | |||||
Државата била единственото изборно кнежевство во рамките на Германскиот Сојуз. Се состоело од неколку одвоени територии на север од Франкфурт, кои опстанале додека државата не била анектирана од Прусија во 1866 година по Австро-пруската војна. Се состоела од вкупна копнена површина од 9.580 км2, а нејзиното население во 1864 година изнесувало 745.063 жители.
Официјалните титули на изборниот кнез вклучувале „Изборен кнез на Хесен, Големиот војвода од Фулда, Кнез на Херсфелд, Ханау, Фрицлар и Изенбург, грофот Каценелнбоген, Диц, Зигенхајн, Нида и Шаумбург“.[1]