Знаме на Џорџија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Знаме на Џорџија — официјално знаме на американската држава Џорџија. Неговата сегашна форма била усвоена на 19 февруари 2003 година. Знамето носи три хоризонтални ленти (црвено-бело-црвено и има син кантон кој содржи прстен од 13 бели ѕвезди кои го опкружуваат државниот грб во златна боја. Прстенот од ѕвезди што го опфаќа државниот грб ја претставува Џорџија како една од оригиналните Тринаесет колонии. [2]
Употреба | граѓанско и државно знаме вексиколошки опис |
---|---|
Сразмер | 2:3, 3:5, или 5:8[1] |
Усвоено | февруари 19, 2003; пред 21 година (2003-02-19) |
Опис | Три хоризонтални ленти наизменични црвени, бели, црвени; во кантонот, 13 бели ѕвезди кои го заокружуваат државниот грб на сино поле |
Во грбот, лакот го симболизира уставот на државата, додека столбовите ги претставуваат трите гранки на власта односно поделба на власта. Зборовите на државното мото „Мудрост, правда и умереност“ се обвиткани околу столбовите, чувани од машка фигура облечена во колонијална облека од Американската војна за независност. Во рацете, меч е извлечен за да ја претставува одбраната на уставот на државата со мотото на Соединетите Држави, „ Во Бог веруваме“, прикажано под овие елементи.
Целокупниот дизајн се базира на Првото национално знаме на Конфедерацијата. [3] Од гласањето на Мисисипи за промена на дизајнот на нивното знаме во 2020 година, знамето на Џорџија останува едно од ретките државни знамиња со референци на Конфедерацијата. [4] [5] [6] Тоа е едно од трите американски државни знамиња со зборовите „In God We Trust“, а другите две се знамињата на Флорида и Мисисипи.