Жирондинци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Жирондинци или жирондисти (француски: Girondins) – политичка група (фактичка партија) во времето на Француската револуција од 1789 година, која ги претставувала интересите претежно на провинциската републикански настроена трговско-индустриска и земјоделска буржоазија. Називот „жирондинци“ доаѓа од департманот Жиронда, од каде потекнуваат голем дел од најистакнатите претставници на оваа партија. Нејзините водачи биле Жак Пјер Брисо, Пјер Виктирнјен Верњио, сопружниците Ролан, Никола де Кондорсе и др. Истомисленик на жирондинците е и француската писателка и феминистка Олимпија де Гуж, авторка на „Декларација за правата на жената и државјанка“.