Електронволт
единица за енергија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Електронволт (симбол: eV или еВ) — единица за енергија во физиката. По дефиниција, ова е еднакво на количеството на кинетичка енергија со која ја се здобива еден неврзан електрон кога се забрзува преку електричен напон од еден волт. Така ова е 1 волт (1 џул по кулон) помножен со полнежот на електронот (1 e, или (1,60217653 ± (14))⋅10-19 C). Така еден електронволт е еднаков на (1,60217653 ± (14))⋅10-19 J.[1]
Електронволтот не е SI-единица и неговата вредност се добива по експериментален пат.[2] Ова е често употребувана единица за енергија во физиката, и наоѓа широка примена во физиката на тврдото тело, атомската и јадрената физика, како и честичната физика. Обично се користи со SI-претставките мили-, кило-, мега-, гига-, тера- или пета- (meV, keV, MeV, GeV, TeV и PeV).
Во хемијата, честопати е корисно да се има моларен еквивалент, т.е. кинетичката енергија што би ја добил еден мол електрони минувајќи низ потенцијална разлика од еден волт. Ова е еднакво на 96,48538 ± (2) kJ/mol. Во електроволти се изразуваат и атомските својства како енергијата на јонизација.