Ела
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ела[2] или елка[3] (науч. Abies) — род што опфаќа 48–55 вида на зимзелени иглолисни дрва од семејство на боровите (Pinaceae). Се среќава во планинските краишта на најголемиот дел на Европа, Азија, Северна и средна Америка и Северна Африка. Најсродно дрво на елата е кедарот (Cedrus).
Ела Период: [1] | |
---|---|
Сребрена ела (Abies alba) | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Иглолисни |
Класа: | Четинари |
Ред: | Боровидни |
Семејство: | Борови |
Род: | Ела Mill. |
Видови | |
во текстот. |
Сите домородни видови достигнуваат височина од 10–80 м и пречник на стеблото од 0,5–4 м. Елите се разликуваат од другите членови на семејството на боровите по тоа што иглестите листови се држат на стебленцето со основата налик на вакуумска лепенка. Друга заедничка одлика се исправените цилиндрични шишарки долги 5–25 см што се распаѓаат и испуштаат крилести семиња кога ќе узреат. Видовите се распознаваат по големината и распоредот на листовите, големината и обликот на шишарките, и по тоа дали малите лушпички се долги и издадени или кратки и скриени во шишарката. Шишарките се плодови на елите.