Донечка Народна Република
самопрогласена република на територијата на Донечката област во Украина; терористичка организација / From Wikipedia, the free encyclopedia
Донечка Народна Република, скратено ДНР (руски: Донецкая Народная Республика, украински: Донецька Народна Республіка) — непризнаена држава во Источна Европа. Таа била прогласена во месец април 2014 година[2] во границите на Донечката област која де јуре е дел од територијата на Украина. Географски републиката граничи со Украина на север и на запад, со Русија и исто така самопрогласената Луганска Народна Република на исток, a на југ излегува на Азовското Море.
Донечка Народна Република |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: Славься республика "Слава на Републиката" |
||||||
Територија контролирана од Донечката Народна Република
|
||||||
Главен град (и најголем) | Донецк 48°00′N 37°48′E | |||||
Службен јазик | ||||||
Уредување | унитарна претседателска република | |||||
• | Претседател | Денис Пушилин | ||||
• | Премиер | Владимир Пашков | ||||
Законодавство | Народен совет | |||||
Независност | од Украина | |||||
• | Основана | 7 април 2014 | ||||
• | Референдум за независност | 11 мај 2014 | ||||
• | Договор од Минск | 5 септември 2014 | ||||
• | Договор од Минск II | 12 февруари 2015 | ||||
• | Признаена од Русија | 21 февруари 2022 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 8,902 км2 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2018 г. | 2,302,444[1] | ||||
Валута | Руска рубља (RUB ) |
|||||
Часовен појас | MSK (UTC+3) | |||||
Се вози на | десно |
Релјефот на републиката е ридско рамниште, испресечено од речните долини. Просечната надморска височина на теренот е 140 метри. Главен и најголем град е Донецк. Според статистики на владата на ДНР од 1 јануари 2018 година на нејзина територија живеат околу 2 милиони жители.[3] Службени јазици на републиката се рускиот и украинскиот,[4] додека официјална валута е руската рубља.[5]
Иако де факто постои, Донечката Народна Република не е признаена од поголемата меѓународна заедница. Таа единствено е официјално признаена од ЛНР и на 27 јуни 2014 година од исто така самопрогласената Јужна Осетија.[6] Со указ на претседателот Владимир Путин, од 18 февруари 2017 година, граѓаните на ДНР може да патуваат, работат и студираат во Русија.[7] Според Украина, Донечката Народна Република е создадена и управувана од „терористичка организација“.[8]