Диктатура
From Wikipedia, the free encyclopedia
Диктатура е форма на владеење во која земја или група земји се управувани од страна на едно лице ( диктатор) или од некоја политија и каде власта се остварува преку различни механизми за да се обезбеди дека моќта на владеачот останува цврста.[1][2] Диктатура е еден вид на авторитаризам во кој политичарите го регулираат речиси секој аспект од јавното и приватното однесувањето на граѓаните. Диктатурата и тоталитарните општества обично користат политичка пропаганда за да се намали влијанието на застапниците на алтернативни управни системи. Во минатото различни верски тактики биле користени од страна на диктаторите за да ја задржат својата власт, како што бил монархискиот систем на Западот. Во XIX и XX век, традиционалните монархии постепено опаднале и исчезнале. Диктатурата и уставната демократија се наметнале како двете главни форми на владеење во светот.[1]
Општествени уредувања |
---|
Дел од темата Политика |
Список на општествени уредувања
|
Портал Политика · уреди |