Дваесет и едно барање
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дваесет и едно барање (јапонски: 対華21ヶ条要求code: ja is deprecated ; поедноставен кинески: 二十一条; традиционален кинески: 二十一條; пинјин: Èrshíyī tiáo) биле збир барања од 18 јануари 1915 година кои владата на Јапонското Царство ѝ ги поставило на владата на Република Кина за време на Првата светска војна. Овие тајни барања во голема мера би ја прошириле јапонската контрола врз Кина. Јапонија требало да ги задржи поранешните германски области кои ги освоила на почетокот од Првата светска војна во 1914 година. Нивното прифаќање би довело до сериозно зајакнување на јапонското економско и политичко влијание во Кина, Манџурија и Јужна Монголија.
Најекстремните барања (во делот 5) на Јапонија требало да ѝ дадат одлучувачки глас во финансиите, полицијата и владините работи. Со последниот дел од барањата Кина всушност требало да стане протекторат на Јапонија, а со тоа да се намали западното влијание врз неа. Јапонија имала силна позиција, затоа што западните сили биле во војна со Германија. Велика Британија и Јапонија имале воен сојуз од 1902 година, а во 1914 година Лондон го повикал Токио да се приклучи во војната. Пекинг ги објавил тајните барања и се жалел до Вашингтон и Лондон. Тие го принудиле Токио да се откаже од делот 5. Во последната спогодба од 1916 година, Јапонија се откажала од петтиот сет на барања. Откако Кина ги прифитала ревидираните барања, Јапонија не добила речиси ништо но го изгубила големиот престиж и доверба кои ги уживала во Британија и САД.[1]
Кинеската јавност одговорила со спонтан бојкот на јапонските стоки; Јапонскиот извоз во Кина драстично се намалил. Британија била навредена и повеќе не ѝ верувала на Јапонија како сојузник. Британија (и Соединетите Американски Држави) ја принудиле Јапонија да се откаже од петтиот сет на барања што би ѝ дале на Јапонија голема контрола врз целата кинеска економија и ја прекинале политиката на отворени врати. [2] Јапонија и Кина склучиле серија договори кои биле ратификувани на 25 мај 1915 година.