Грб на Костарика
From Wikipedia, the free encyclopedia
Грбот на Костарика се состои од златен штит во необичен облик над кој се наоѓа сина трака со натпис во црни букви AMERICA CENTRAL. Во горниот дел на штитот се наоѓа уште една трака, во бела боја, на која што со црни букви е испишано REPUBLICA DE COSTA RICA.
Главниот дел на штитот го зазема слика на која се наоѓаат две водни површини, првата во план а другата во далечина, поделени на копно на кои се наоѓаат три планински врвови. Во позадината излегува Сонцето. На секоја од двете водни површини се наоѓа по еден брод еденец со три јарбола и со закаченото знаме на знамето на Костарика на западниот дел на бродот. Во горниот дел на сликата се наоѓаат седум бели петокраки ѕвезди.