Главоцветни
семејство растенија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Фамилијата на главоцветните или Asteraceae (уште и Compositae, сложеноцветни) е најголема фамилија на цветни растенија по број на видови.
Asteraceae Главоцветни Период: Еоцен - денес | |
---|---|
Дванаесет различни видови од главоцветните растенија, и тоа од потсемејствата Asteroideae, Cichorioideae и Carduoideae. | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Цветници |
Ред: | Ѕвездовидни |
Семејство: | Главоцветни Берхт. & Ј. Пресл |
Потсемејства | |
Asteroideae | |
Разновидност | |
1,911 родови | |
Синоними | |
Compositae Гисеке |
Името Asteraceae е изведено од името на родот Aster, додека Compositae е постаро, но сѐ уште валидно. Македонското име, главоцветни, произлегува од карактеристичното соцветие, наречено глава (capitulum), кое е заедничка одлика на растенијата од оваа фамилија.
Според некои податоци, оваа фамилија брои повеќе од 1600 родови и 23000 видови. Најголеми родови се Senecio (1500 видови), Vernonia (1000 видови), Cousinia (600 видови) и Centaurea (со 600 видови).
Главоцветните растенија се космополитски, но најчести во умерените области и тропските планини. Оваа фамилија содржи неколку видови кои се важен извор на масла за јадење, засладувачки агенси, како и чаеви. Членовите на неколку родови се добро познати во хортикултурата, како георгините и хризантемите. Комерцијалниот вид на сончоглед Helianthus се користи како модел во проучувањето на хибридизацијата, а се проучува и неговата улога во видообразбата.