Бедфордшир
грофовија во Англија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Предлошка:Инфокутија Англиска грофовија Бедфордшир (англиски: Bedfordshire, скрат. Beds.) — церемонијална грофовија од историско потекло во источна Англија. Се граничи со грофовиите Кембриџшир на североисток, Нортхемтоншир на север, Бакингемшир на запад и Хартфордшир на југоисток.
Највисока точка е на Данстабл Даунс (243 м) на венецот Чилтернски Ридови.
Во 2002 г. пчелоносната орхидеја (Ophrys apifera) е избрана за грофовиско цвеќе.[1]
Грофовијата е на 14-то место по густина на населеност во Англија. Над половина од населението живее во двете поголеми градски подрачја: Бедфорд (102.000) и Лутон (236.000).[2]