Бамбус
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бамбусот (науч. Bambuseae) — повеќегодишно зимзелено растение од семејството на тревите (Poaceae). Големите бамбуси се најголемите членови на оваа фамилија. Кај бамбусот, интернодиумот (делот од стеблото меѓу два листа) е шуплив, така што васкуларните снопови во напречниот пресек наместо да се цилиндрично поставени, се распрскани низ цело стебло. Бамбусот нема ксилем или ксилемско спроводно ткиво. Благодарение на уникатниот независен стеблест ризом, бамбусите се едни од растенијата кои растат со најголема брзина. Бамбусите имаат огромно економско и културно значење за Јужна Азија, Југоисточна Азија и Источна Азија, каде што се употребуваат како градежен материјал, како извор на храна и разновиден сиров производ.
Кратки факти Бамбус, Научна класификација ...
Бамбус | |
---|---|
Шума од бамбуси во Кјото, Јапонија | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Монокотиледони |
Нерангирано: | Комелиниди |
Ред: | Тревовидни |
Семејство: | Треви |
Племе: | Бамбус Kunth и Dumort. |
Разновидност | |
Околу 92 рода и 5.000 вида |
Затвори