Англиска книжевност
From Wikipedia, the free encyclopedia
Англиска книжевност — книжевно творештво напишано на англиски јазик, вклучувајќи ги творбите на автори од неанглиско потекло. Имено, Џозеф Конрад е роден во Полска, Роберт Бернс бил Шкотланѓанец, Џејмс Џојс – Ирец, Дилан Томас – Велшанец, Едгар Алан По – Американец, В. С. Најпол е роден во Тринидад, Владимир Набоков бил Русин. Со други зборови, англиската книжевност е исто онолку разновидна колку и дијалектите на англискиот јазик кои се зборуваат ширум светот. И покрај разновидноста и големата бројка на автори на англиска книжевност, делата на Вилијам Шекспир остануваат како најпознатите дела од оваа област во светот.
Во оваа статија главно се разгледува англиската книжевност пишувана во Велика Британија.