Автономни заедници во Шпанија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Автономната заедница (шпански: comunidad autónoma, баскиски: autonomia erkidego, каталонски: comunitat autònoma, галисиски: comunidade autónoma) е првостепена политичко-административна единица во Шпанија, создадена согласно Уставот на Шпанија од 1978 г, со цел да ја гарантира автономијата на народностите и регионите во државата.[1][2][3] Бидејќи суверенитетот го има само државата како целина (а не заедниците), Шпанија не е федерација, туку мошне децентрализирана[4][5] унитарна дражва[1] која им ги отстапува правата на самоуправа на заедниците согласно пропишаното во уставот.[1] Денес постојат 17 автономни заеднии и 2 автономни града, со збирен назив „автономии“ (autonomías). Двата автономни града имаат право да се прогласат за автономни заедници, но тоа досега не го имаат направено.